Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРОКЛЕТИОТ“ БРОД РУБИ: Тргна од Русија, носи исклучително опасен товар и сите го бркаат од пристаништата

„ПРОКЛЕТИОТ“ БРОД РУБИ: Тргна од Русија, носи исклучително опасен товар и сите го бркаат од пристаништата

Патувањето на товарниот брод по име Руби со околу 20.000 тони амониум нитрат на пат кон Малта со денови предизвикува загриженост во Северна Европа.

Оштетениот брод, кој пловел под малтешко знаме, го започнал своето патување на полуостровот Кола во северна Русија, но низа несреќни околности и опасен товар го спречиле да се закотви на неколку европски пристаништа.

Поради потенцијалните безбедносни закани од неговиот експлозивен товар, „Руби“ беше одбиен од неколку земји пред конечно да добие дозвола за влез во Малта, каде што треба да пристигне на 8 октомври.

Амониум нитратот, кој се користи во земјоделските ѓубрива, е познат по својата потенцијална експлозивност, а најголемата трагедија поврзана со оваа хемикалија се случи во 2020 година кога залихи на амониум нитрат предизвика катастрофална експлозија во пристаништето Бејрут, при што загинаа стотици луѓе и беа уништени голем дел од градот. Оваа несреќа остави длабока трага во свеста на јавноста, па не е чудно што пловењето на бродот „Руби“ предизвика голема тревога кај земјите покрај Северното и Балтичкото Море, меѓу кои и Германија и Норвешка.

Тпортал

Слично

Поврзани вести