Економија, финансии, бизнис

Контакт

Производството на струја најслабо во последните 18 години!

Производството на струја најслабо во последните 18 години!
Производството на струја во Македонија драматично се намалува. Според официјалните податоци, минататa година во земјава вкупно биле произведени 4.535,0 GWh. Тоа е значи дека 2014 година е најлошата година за производството на струја анализирајќи го производството уште од 1996 година. Последните три години, вкупното производство на струја е во постојан пад, и се движи од  5.369,9 GWh во 2012 година, 5.113,0 GWh во 2013 година се до историски најниското ниво од 4.535,0 GWh во 2014 година. Ако се изостават овие три години, вкупното производство на струја во изминатите 18 години никогаш не било помало од 5.300,0 GWh и тоа во најлошите години , а највисокото вкупно производство на струја стигнало до 6.300 GWh. struja Драматичен пад на производството на струја од трите блока на РЕК Битола Трите блока во РЕК Битола, која е клучна централа за производство на струја во Македонија заедно со РЕК Осломеј, заедно минатата година произвеле  3.506,4 GWh.  Приближно толку произвеле и во 2013 година. Односно, тогаш прозиводството од термоцентралите изнесувало 3.750,5 GWh. Последните две години се најлошите години во работењето на РЕК Битола, и на РЕК Осломеј.Според официјалните податоци, од 1996 година па до 2013 година, производството на струја од термоцентралите никогаш не било помало 4.400,0 GWh. struja2 Минатата година намалување има и на производтсвото на струја од хидопотенцијалот. Па така лани од хидроцентралите биле произведени 958,2 GWh.  Генерално производството на струја од хидроцентралите се движи од 600,0 GWh до 1.500,0 GWh, освен во 2010 година кога биле произведени 2.184,80 GWh од хидроцентралите во земјава. С.Н.
Слично

Поврзани вести