Економија, финансии, бизнис

Контакт

Производството на јаболка во ЕУ е намалено - која земја има најголеми количини?

Производството на јаболка во ЕУ е намалено - која земја има најголеми количини?

Најголеми производители на овошје во Европската Унија(ЕУ) се Италија со 5,4 милиони тони, Шпанија со 4,3 милиони тони и Полска со 4,1 милиони тони. Овие три држави имаат 57 отсто удел во целокупното производство. 

Производството на јаболка во ЕУ е намалено за четири отсто, на 11,6 милиони тони, а најголеми производители беа Полска со 29 отсто удел, Италија со 21 отсто и Франција со 17 отсто. Производството на круши истовремено се зголеми за два отсто, на 1,9 милиони тони, а главни производители беа Италија со 24 отсто, Холандија со 17 отсто и Белгија со 15 отсто. Производството на праски беше концентрирано во Шпанија со 37 отсто, Италија со 33 отсто и Грција со 21 отсто, што е 91 отсто од вкупното производство и за два отсто повеќе од претходната година, објавено е на веб-страницата на Евростат.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести