Производителите на челик бараат заштита: Стоп за челикот од Кина и Индија во јавните проекти на ЕУ
Европската челична индустрија побара Законот за индустриски забрзувач, кој треба да биде презентиран следната недела, да се прошири за да го вклучи челикот како дел од приоритетот за користење локално произведени материјали.
Според предлогот, „локален“ треба да се однесува на земји блиски до ЕУ, како што се Велика Британија и Норвешка, додека земји како Индија, Кина и други на Блискиот Исток и Северна Африка треба да бидат исклучени, објави Ројтерс.
Законот за индустриски забрзувач им дава приоритет на производите произведени во ЕУ при користење на јавни пари и опфаќа клучни сектори како што се батерии, сончева енергија, производство на водород, нуклеарна енергија и електрични возила.
Иако не е јасно дали челикот ќе биде вклучен, извршниот директор на „Еурофер“, Аксел Егерт, нагласи дека тој треба да биде задолжителен за секторот за челик со ниска содржина на јаглерод, за да се поттикнат инвестициите во декарбонизација.
Додека некои производители на автомобили и индустријата бараат проширување на законот, челичната индустрија бара одредбата „Произведено во Европа“ да се фокусира на создавање одржлив сектор во рамките на ЕУ, со цел намалување на прекумерниот капацитет и зголемување на конкурентноста, пренесува Танјуг.
Фото: Принтскрин/Икс