Економија, финансии, бизнис

Контакт

Произведени автомобили за деца од 30.000 евра

Произведени автомобили за деца од 30.000 евра


По повод 110-тиот роденден, производителот на автомобили Bugatti направи електричен автомобил наменет за најмладите.во форма на класичниот тркачки модел Type 35Bugatti

Станува збор за Bugatti Baby II кој работи на електричен погон и посебни модови за возење на деца и возрасни а цената е 30.000 евра.

Автомобилот е прикажан на саемот во Женева, а ќе се произведуваат 500 примероци.

Неговата големина е всушност три четвртини од оригиналот а каросеријата е речиси иста.како на класикот. Внатре, моторот се напојува со литиум-јонски батерии.

Возилото има два режими на моќ - едниот е детски, кој ја ограничува брзината од 20 километри на час и режим за возрасни, кој овозможува брзини до 45 километри на час.

Baby II е достапен во традиционално сино, но и во други бои.


Слично

Поврзани вести