ПРОГРАМЕРИТЕ ЈА НАДМИНАА „СЕДУМДЕСЕТКАТА“ - еве кои се другите највисоки плати во земјава
Дури 70.551 денар била просечната плата во март во дејноста компјутерско програмирање, говорат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Плата над 70 илјади денари програмерите земале и во претходниот месец, надминувајќи ја на тој начин одамна „шеестката“, а сега и „седумдесетката“, нешто што е сон на многумина вработени во земјава.
Далеку зад нив, но сепак со солидни во просек 48.734 денари се вработените во областа телекомуникации.
Во дејноста производство на основни
фармацевтски производи и
фармацевтски препарати, пак, земаат просечна плата од 46.501 денар плата.
Во март просечната плата во земјава изнесувала 28.217 денари, јави Државниот завод за статистика.
Според податоците, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година, во однос на март 2020 година, пораснала за 6,8 проценти.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (17,9 отсто), Дејности на здравствена и социјална заштита (12,3 проценти) и Информации и комуникации (12,1 отсто).
