ПРОГНОЗИТЕ НАДМИНАТИ: БДП на еврозоната расте
Бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната во првиот квартал на 2016 година се зголеми за 1,6% во однос на првите три месеци од 2015 година, покажуваат официјалните податоци на службата за европска статистика Евростат.
Зголемувањето ги надминува прогнозите на експертите, кои очекуваа раст од 1,4%.
На годишна основа порастот на БДП во еврозоната е во износ од 1,6% во периодот јануари-март, а во ЕУ - 1,7%. Во четвртиот квартал на 2015 година БДП расте со 0,3% во еврозоната и со 0.4% во ЕУ.
Во април сепак монетарната унија на ЕУ е во дефлација - 0,2%. Главната причина е падот на цената на енергијата - 8,6%.
Слично
