Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОГНОЗИ: Цената на нафтата може да се стабилизира до крајот на март

ПРОГНОЗИ: Цената на нафтата може да се стабилизира до крајот на март

Цената на нафтата веројатно ќе се стабилизира во првиот квартал на 2016 година и ќе почне да расте, прогнозира рускиот министер за економски развој Алексеј Улкаев, цитиран од агенциите.

Според него, тоа ќе биде главен фактор и за стабилизација на руската рубља.

Улкаев соопшти дека намалувањето на руската економија во 2015 година беше во рамките на 3,9 отсто. Ова се првичните проценки на руската статистика, прецизира тој. Очекувањата за 2016 година веќе се во насока на контракција на БДП од 0,8%, наместо проектираниот раст од 0,7 отсто пред неколку месеци  .

Просечниот курс на руската рубља ќе биде 68,2 рубли за еден долар, а инфлацијата - во рамките на 8,5 отсто, дополни министерот за економски развој на Русија. Во меѓувреме цената на нафтата на светските пазари достигна нивоа невидени со децении. Европскиот брент за кратко падна под цената од 28 долари за барел, откако беа укинати санкциите на Западот против Иран. Околу 28 долари е и нивото на кое се тргува и најлесната сурова нафта на светските пазари. Поради тековниот пад на цената на нафтата руската влада ќе ги прилагоди своите макроекономски проекции во буџетот на федерацијата за 2016 година, наведува уште ТАСС. Во буџетот беше поставена просечна цена од 50 долари за барел за оваа година. Прогнозите се дека по промената во буџетот ќе биде поставена просечна цена од 40 долари за барел, а во песимистички сценарија за руската економија - и 35 долари за барел.
Слично

Поврзани вести