Прогнози: До кога ќе паѓа БДП-то во Хрватска?
Хрватскиот бруто домашен производ падна 1,9 отсто во однос на истиот квартал во 2011 година, соопшти државниот Завод за статистика ДЗС. Ова е четврти квартал по ред да паѓа стопанството, но побавно од претходниот квартал, кога БДП падна за 2,2 отсто.
Макроекономистите очекуваа дека податоците ќе покажат дека стопанството во третиот квартал ослабело 1,5 отсто на годишно нивосе намали во третиот квартал од 1,9 отсто во споредба со истиот период минатата година, што е помал пад отколку во претходниот квартал, но повисоки отколку што се очекуваше.
„Додека не видиме подетални показатели за објавениот пад на БДП, тешко да се анализираа заошто се случува тоа, но претпоставките се дека падот во личната и јавната потрошувачка, намалените инвестиции, а веројатно и на придонесот на туристичката потрошувачка беше помал отколку што се очекуваше“, вели Здеслав Шантиќ, главен економист во Сплитска Банка.
Послабиот пад на БДП во третиот отколку во вториот квартал, се случи благодарение на добрата туристичка сезона.
Хрватската економија слабее од почетокот на 2009 година. Во два наврати, во третиот квартал од 2010 година. и вториот од 2011-та , технички излегува од рецесија, но продолжуваат негативните трендови.
Ова се должи на слабоста во домашната потрошувачка како резултат на влошената ситуација на пазарот на трудот и зголемувањето на невработеноста. Исто така економијата е тешко погодена и од рецесијата во еврозоната, најголемиот трговски партнер. Поради ослабената побарувачката во овие земји за увезените производи, последните месеци на опаѓа и хрватскиот извоз.
И во четвртиот квартал, економијата ќе падне, вели Шантиќ, кој стабилизирачки активности очекува следната година.
Се проценува дека БДП-то во 2013 година може да стагнира, но можно е и благо зголемување, вели дека Шантич, што според него е успех, со оглед на тековните трендови и изгледите во еврозоната.
„Очекувам сценарио кое вклучува смирување на меѓународна средина, па решение за долгот во еврозоната и повеќе позитивни трендови во домашната економија кои може да се очекуваат во втората половина на следната година. Но, тоа ќе зависи и од одлуките на хрватската влада “, вели Шантиќ.
Слично
