Прогнозата за инфлација двојно се зголеми
Се очекува Европа да има помал економски раст и повисока инфлација поради војната на Русија против Украина, која е во осмата недела, се наведува во студијата објавена од Европската централна банка (ЕЦБ).
Експертите ги ревидираа своите очекувања за инфлација на 6,0 отсто и 2,4 отсто за 2022 и 2023 година, соодветно, според Анкетата на професионалните прогнозери на ЕЦБ за вториот квартал од 2022 година.
Претходните проценки за инфлацијата беа 3,0 отсто за годинава и 1,8 отсто за следната година.
Прогнозите за економски раст се намалени на 2,9 отсто за 2022 година и 2,3 отсто за 2023 година.
Претходните очекувања беа 4,2 отсто, односно 2,7 отсто.
„Аналитичарите ја наведуваат војната во Украина како главен фактор зад ревизијата на макроекономските прогнози“, се вели во соопштението на ЕЦБ.
„Според нив, овие ревизии главно ги одразуваат индиректните ефекти од повисоките цени на енергијата и храната и ефектите од прекините на синџирот на снабдување“.
