Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОГНОЗА НА ММФ ЗА АЛБАНИЈА: Инфлацијата ќе се зголеми, а растот ќе се намали

ПРОГНОЗА НА ММФ ЗА АЛБАНИЈА: Инфлацијата ќе се зголеми, а растот ќе се намали

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за економскиот раст во Албанија. 

Информираат дека растот ќе биде 3,4 проценти до крајот на годинава, што е за 0,2 отсто пониска прогноза од претходната од октомври 2025 година.

„Надолната прогноза е во согласност со меѓународните случувања и неизвесностите што се зголемија како резултат на војната на Блискиот Исток, која ги погоди глобалните енергетски пазари. На овие нивоа, нашата земја се рангира по Косово во регионот, кое ќе има раст од 3,6 проценти, додека најголем пад на економските очекувања бележи Србија, со 2,8 отсто“, објавија албанските медиуми.

ММФ очекува инфлацијата во Албанија, да се зголеми на 3,7 проценти оваа година, од три отсто колку што беше програмирана пред шест месеци.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести