Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОГНОЗА: Македонската економија ќе забележи раст во новата 2015 година

ПРОГНОЗА: Македонската економија ќе забележи раст во новата 2015 година
Зголемување на индустриското производство, вкупната надворешно-трговска размена, како и зголемувањето на извозот, влева надеж дека македонските компании и идната година добро ќе „пливаат“ во тековните случувања. Главните ризици за македонската економија доаѓаат од еврозоната каде што се реализира најголемиот дел од извозот. Ова е оценката на економските експерти во земјава по однос на очекувањата за идните движења на економијата во Македонија. Ваквата оценка доаѓа по сумирање на сите сигнали во земјава како и надвор од неа кои укажуваат дека идната 2015 година ќе биде тешка за македонската економија но се очекува дека со инвестициите во инфраструктурата, растот на кредитирањето и подобрувањето на ликвидноста на компаниите ќе се оствари предвидениот раст. Бизнисмените очекуваат и подобрување на ликвидноста и наплатата на побарувањата. Според аналитичарите од економската област најважно од се во 2015 година е целосно да се искористат буџетските средства наменети за инфраструктури проекти во делот на патиштата и на железницата, кои се многу важни за домашните компании, како и позитивниот деловен амбиент. Народната банка за 2015 година прогнозираше раст на македонската економија од 4,1 отсто, а тоа, како што потенцираат од таму, ќе се постигне преку инфраструктурни проекти и приватни инвестиции.
Слично

Поврзани вести