Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

По обилните дождови на територијата на општина Сврљиг, Србија се излеаја поројни потоци. Евакуирано е едно лице и неколку парчиња ситен добиток, а претседателот на општината Мирослав Марковиќ прогласи вонредна состојба.

На просторот кај долниот пазар се излеа Правачка река во населбата Сврљиг.

Водата се излеа и во околу 40 домаќинства.



Седум пожарникари-спасувачи со пет возила и две пумпи го обиколуваат теренот, го следат нивото на водата и по потреба испумпуваат вода.

Со екипите на терен е и претседателот на општина Шврљиг, Мирослав Марковиќ. Тој им се обрати на граѓаните и прогласи вонредна состојба.

Временските услови се катастрофални, на помош повикавме и екипи од Ниш. Се трудиме максимално да ја санираме штетата. Спасени се голем број животни. Правиме се што е во наша моќ и се надеваме дека состојбата ќе се стабилизира - изјави претседателот на општина Сврљиг, Мирослав Марковиќ.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Слично

Поврзани вести