Економија, финансии, бизнис

Контакт

Профитот на Фејсбук експлодираше, акциите се позлатија

Профитот на Фејсбук експлодираше, акциите се позлатија

Нето добивката на Фејсбук скокна за 186 отсто во вториот квартал на 2016 година во однос на истиот период лани.

Скокот на профитот се темели врз силен раст на приходите и неговата глобална корисничка база, што ја подигна вредноста на акциите на водечката светска социјална мрежа.

Нето профитот на Фејсбук достигна во второто тромесечие 2,05 милијарди долари во споредба со 715 милиони долари од истиот лански квартал, сузбивајќи ги прогнозите на најголем дел од аналитичарите.

Со растот на базата активни корисници на 1,7 милијарди луѓе на крајот на вториот квартал, што е 15 отсто повеќе отколку година дена порано, Фејсбук забележа 59-процентно зголемување на вкупните приходи на 6,4 милијарди долари, воглавно од онлајн огласувања.

Приходите од огласите пораснале за 63 посто, на 6,24 милијарди долари, при што најмногу скокнаа приходите од реклами на мобилните уреди, кои сега сочинуваат околу 84 отсто од вкупните приходи од огласувања, додека пред година дена изнесувале 76 проценти.

Акцијата ан Фејсбук се вивна за 6,3 отсто во доцното тргување по завршувањето на работното време, на рекордни 131,4 долари , што е трипати повеќе во однос на цената на инцијалната понуда на акции (IPO) 2012 година.

„Нашата групација и бизнис забележаа уште еден добар квартал. Посебно сме задоволни со напредокот во видео подрачјето, бидејќи се движиме кон светот во кој видеото ќе биде  во центар на сите наши услуги“, наведува во соопштението основачот и генерален директор на Фејсбук Марк Цукенберг.

Слично

Поврзани вести