ПРОФИТИ ДО НЕБО: Споредба на големата банкарска четворка!
Само во првите девет месеци од годинава - четирите најголеми банки во земјава Стопанска банка - Скопје, Тутунска банка, Комерцијална банка и Охридска банка оствариле вкупни нето-приходи од камати, провизии и надоместоци во износ од 155 милиони евра.
Во истиот период овие банки имаат вкупна добивка од 50 милиони евра, односно добивката на Стопанска банка-Скопје е 26 милиони евра, на Тутунска банка изнесува 13 милиони евра, Комерцијална банка 5,1 милиони евра, а на Охридска банка изнесува 6 милиони евра.
Стопанска банка
Во првите девет месеци од годинава Стопанска банка има добивка од 26 милиони евра, додека лани во истиот период добивката на банката изнесувала 21,9 милиони евра.
Од јануари до септември годинава банката има нето-приходи од камати во износ од 40,8 милиони евра, додека лани имала 3 милиони евра помали нето-приходи од камати.
Банката има благо намалување на нето приходите од провизии и надоместоци во првите девет месеци од годината. Односно тие сега изнесуваат 11,4 милиони евра, а лани во истиот период изнесувале 11,9 милиони евра.
Охридска банка
Охридска банка, во првите девет месеци од годината има добивка од 6 милиони евра, додека лани во истиот период добивката на банката изнесувала 3 милиони евра.
Вкупните нето-приходи на Охридска банка во првите девет месеци од годината изнесуваат 11, 9 милиони евра, а лани изнесувал 10,4 милиони евра.
„Овие бројки се резултат на подинамично намалување на каматните расходи споредено со намалувањето на каматните приходи. Приходите од камати бележат намалување за 1,4% како нето-резултат од намалените каматни приходи по основ пласмани во хартии од вредност поради променетиот начин на аукцирање од страна на НБРМ, намалени приходи од камати од кредити на компании поради намалените каматни стапки, додека истовремено каматните приходи од кредити на физички лица и пласмани во банки и Народна банка се зголемени како резултат на зголемената состојба. Каматните трошоци бележат намалување за 21,9% како нето-резултат од намалените каматни трошоци за депозити на клиентите, додека во исто време трошоците по основ камати за финансирање од меѓународните финансиски институции се зголемени поради зголемување на состојбата на искористеност“, стои во објаснувањето на Охридска банката.
Нето-приходите од провизии и надоместоци во првите девет месеци од годинава изнесуваат 3,1 милиони евра, а лани изнесувале 2,5 милиони евра.
„Приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 41.5 милиони денари, пред сè поради порастот на комерцијалните активности, додека трошоците за провизии и надоместоци се зголемени за 9.6 милиони денари, износ во кој се вклучени зголемени провизии за картички и повисоки трошоци за провизии во домашниот платен промет кои произлегуваат од зголемените комерцијални активности на Банката“, стои во објаснувањето на Охридска банка.
Комерцијална банка
Комерцијална банка во првите девет месеци од годината има добивка од 5,1 милиони евра ( 316.697.000 денари), за разлика од лани кога била во загуба од 3 милиони евра (183.696.000 денари)
„Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 29% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемените нето приходи од камата и зголемувањето на останатите приходи (пред сè приходи од капитални добивки од продажба на средства и приходи од девизно работење), при истовремено намалување на оперативните расходи (пред сè на материјалните трошоци и премиите за осигурување на депозити).“
Нето-приходите од камати на банката изнесуваат 37,5 милиони евра, а лани истиот период изнесувале 33,2 милиони евра.
„Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.09.2015 година истите бележат зголемување од 12,9% во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е исполнет со 103,9%, стои во објаснувањето на Комерцијална банка“
Нето-приходите од порвизии и надоместоци изнесуваат 10,6 милиони евра во првите девет месеци од годината, додека лани изнесувале 10,7 милиони евра.
Тутунска банка
Во првите девет месеци од годината, Тутунска банка има добивка од 13 милиони евра, а лани во истиот период имала добивка од 8,5 милиони евра.
Банката има 29 милиони евра, нето –приходи од камати, само во првите девет месеци од годината, додека лани истиот период имала 24,3 милиони евра.
„Заклучно со третото тримесечје од 2015 година, нето каматните приходи се повисоки за 19,5% споредено соистиот период од претходната година. Приходите од камати се повисоки за 1,8%,поради повисоки остварени приходи во сегментот населениекако резултат на повисока состојба на пласирани кредити, при намалени каматни стапки во однос на минатата година, како и поради повисок износ на наплатени камати од сомнителни и спорни побарувања. Расходитепо камати се пониски за 25,5% како резултат на намалување на каматните стапки на депозитите, пониска состојба на обврски по кредити и пониска состојба на депозити од пензиски фондови и останати финансиски институции.“, стои во објаснувањето на Тутунска банка.
Нето-приходте од порвизии и надоместоци изнесуваат 10,9 милиони евра , а лани во првите девет месеци зинесувале 10,8 милиони евра.
„Нето приходите од провизии се повисоки за 0,4%. Приходите од провизии се повисоки за 6,8% како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење (зголемен број на картички и зголемен број на трансакции на ПОС терминали), повисоки остварени приходи од водење трансакциски сметки, електронско банкарство илично банкарство. Расходите за провизии се повисоки за 26,4%,главно поради повисоки расходи за порамнување и процесирање на картички и повисоки расходи од платен промет со странство, стои во објаснувањето на Тутунска банка.
С.Н.

Слично