Професорскиот пленум со петиција ќе бара Иванов да стави вето на пакетот закони за образованието!
Професорскиот пленум соопшти дека е отворена петиција за собирање потписи која ќе биде испратена до Претседателот на РМ, проф. д-р. Ѓорѓе Иванов со барање да застане зад своите колеги, професори и студенти и да стави вето на пакетот закони од областа на образованието, доколку тие бидат изгласани од Собранието на РМ.
На овој чекор професорскиот пленум се одлучил откако процениле дека Владата нема да го испочитува барањето на пофесорите и да ги повлече законските измени и дека тие ќе поминат во парламентот.
Имено, од професорскиот пленум денеска на барање на Владата испратија еден предлог, сугестија а тоа е Да се повлечат законските измени.
Слично
