Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професорскиот пленум повикува новинарот Томислав Кежаровски да биде пуштен на слобода

Професорскиот пленум повикува новинарот Томислав Кежаровски да биде пуштен на слобода
Денеска од Професорскиот пленум до Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски, Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија беше испратено барање за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски. Според нив заробувањето на новинарот Кежаровски значи заробување на вистината, слободата на говорот, а со тоа и слободата на право на различно мислење. „Водењето на судската постапка и итното приведување на Кежаровски е јасна порака за неговите колеги новинари, но и за секој од нас кој се осмелува гласно да проговори. Не сакаме да бидеме неми сведоци на кршењето на демократските слободи, диригирано судство и беспредметни казни, во држава каде од новинарите се бара да се претворат во илузионисти“, потенцираат од Професорскиот пленум. Тие во име на човечките вредности, во име на вистината и правдата, повикуваат новинарот Томислав Кежаровски да биде пуштен на слобода!
Слично

Поврзани вести