Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професорскиот пленум ќе штрајкува заедно со СОНК

Професорскиот пленум ќе штрајкува заедно со СОНК
Професорскиот пленум безрезервно ги поддржува членовите на СОНК, охрабрувајќи ги да продолжат со штрајкот сѐ до исполнување на нивните барања. Професорскиот пленум денеска со соопштение ги повика и своите членови да се приклучат кон штрајкот што СОНК ги закажа за оваа недела. „Правото на штрајк е уставно загарантирано во Македонија и никој нема право да го спречува, посебно не носителите на јавни функции и претставниците на власта. Затоа, исклучително важно за демократскиот амбиент во државата е членовите на СОНК да бидат јавно поддржани од сите граѓани да истраат во нивната битка за остварување на зацртаните цели и подобрување на условите во кои работат просветните и културните работници“, се вели во соопштението од Професорскиот пленум.
Слично

Поврзани вести