Професорскиот пленум ги повика поддржувачите на државниот испит на ТВ дебата
Професорскиот пленум преку својата официјална страна на Фејсбук денеска ги повика на ТВ дебата поддржувачите на државниот испит и законот за високо образование, односно конта-пленумците, МОН и Владата.
Целта на оваа дебата според нив е соочување со аргументите.
Наспротив ова министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми пак испрати покана до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски за средба в понеделник во хотелот „Александар Палас“ со цел размена на мислења и аргументи за квалитетно образложување и дебата за реформите.
Слично

