Професорски пленум: Владата покажа дека не бара повлекување на спорните точки
Претставниците од професорскиот пленум, кои вчера одбија да пристствуваат на дебатата во Собранието, по вчерашната дебата на која била постигната согласност по однос на некои барања од страна на универзитетите во земјава со владините претставници, коментираат дека со овие незначителни одстапки Владата покажала дека не бара повлекување на спорните точки туку бара минимални технички промени.
За време на вчерашната петчасовна дебата која се одвиваше во Собранието на Република Македонија, била постигната согласност за предлозите со кои се предвидува студентите да може да полагаат половина од предмети од трета година независно од тоа дали го положиле или не првиот дел од државниот испит како и ангажирањето на дополнителен стручен кадар во одборот за акредитација ии евалуација.
На маса биле ставени и барањата на скопскиот универзитет со кој се предвидува постдипломските студии да може да се акредитираат во траење од една до две години, а прифатен бил и предлогот на Универзитетот на Југоисточна Европа со кој се бара воведување јавен регистар на автори на трудови објавени во меѓународни научни списанија кои се дел од базата „Web of science“.
Слично
