Професорски пленум: „Средба за размена на мислења и аргументи“ за вонинсититуционална „корекција“ на Собранието на РМ
„Средбата за размена на мислења и аргументи“ по однос на измените на Законот за високо образование во организација на Министерството за образование и наука и Владата е обид вонинсититуционално да се „коригира“ и супституира Собранието на РМ како законодавно тело што е спротивно на уставното начело за поделба на власта и владеење на правото.
Ова во изјава го истакнаа претставници на Пленумот на професорите кои уште еднаш потсетија дека нема да учествува на овој настан.
Професорскиот пленум, составен од речиси петстотина професори од различни универзитети не сака да му даде легитимитет на овој настан чија единствена цел е да искреира привид на транспарентност и партиципативност во донесувањето октроирани закони.
Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, за денеска во 13.30 часот во хотелот Александар Палас закажаа „Средба за размена на мислења и аргументи“ за измените на Законот за високо образование.
Претставниците на студентскиот Пленум најавија дека ќе дојдат на закажаната локација, иако не добиле покана за учество, за како што истакнуваат уште еднаш гласно да кажат „НЕ“ и уште еднаш да го истакнат својот став кој масовно беше изразен на протестите.
Слично
