Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професорски и студентски пленум: Иванов да стави „Вето“ на измените во високото образование

Професорски и студентски пленум: Иванов да стави „Вето“ на измените во високото образование
Професорите и студентите го повикаа претседателот на државата Ѓорге Иванов да ја искористи својата положба и да даде „Вето“ со цел да се стопира постапката, за да се даде шанса во следните три месеци да се отвори дискусија и јавна депата по однос на предлог – Законот за измени во високото образование. Ова е напишано во писмото што професорскиот и студентскиот пленум денес им го испратија на пратениците кои на дневен ред го разгледуваат предлог законот за измени во високото образование. Писмото е потпишано од повеќе од 300 универзитетски професори од македонија кои поддршка добија и од 80 нивни колеги од светот. pismo Нивното писмо е испратено и до првите луѓе за образование во Европската унија. Повлекување на предлог законот за високо образование деновиве официјално побараа и ректорските управи на двата најстари универзитети Скопскиот и Битолскиот. Претходно професорите и студентите одржаа и отворен пленум пред домот на демократијата со цел уште еднаш да покажат дека ваквите одлуки треба да се носат врз база на здрави нозе со квалитетна дебата и согласност од сите инволвирани во дадената ситуација. vankovska „Стоиме тука како претставници на храмот на науката, храмот на знаењето – универзитетот. Ние професорите и нашите студенти стоиме пред храмот на демократијата. Фактот дека стоиме под отворено небо во вакви временски услови покажува дека двата храма до овој момент не најдоа начин за пристоен дијалог и низ конструктивен дијалог и сослушување на сите засегнати страни да дојдеме до заеднички решенија на високото образование. Ние сме свесни за сите проблеми, но баравме да не сослушаат“, рече професорката Билјана Ванковска.
Слично

Поврзани вести