Професорот Шуклев неколку часа го држат на Економски факултет
Полицијата повеќе од пет часа го држи професорот Бобек Шуклев на Економскиот факултет во Скопје.
Инспекторите вршеле претрес во кабинетот на Шуклев, во потрага по докази за сомневањата дека примал мито и ја злоупотребувал неговата службена положба. Беше извршен претрес и во неговото возило, а претресот продолжува и во кабинетите на Факултетот.
Во акцијата „Еразмус“ неофицијално осомничени се уште седум лица кои се товарат за злоупотреба на службената положба и примање поткуп.
Слично
