Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОФЕСОРКАТА ОД ТРСТЕНИК ОТКАКО УЧЕНИЦИТЕ СЕ ИЗБРКАНИ: Училиштето ќе биде помирно и побезбедно место

ПРОФЕСОРКАТА ОД ТРСТЕНИК ОТКАКО УЧЕНИЦИТЕ СЕ ИЗБРКАНИ: Училиштето ќе биде помирно и побезбедно место

М.М.(18) и Н.Ж (17) се учениците кои се избркани од училиштето во Трстеник по инцидентот што се случи на 9 ноември, кога исмеваа професорка и го повлекоа нејзиното столче, по што таа падна. 

Училиштето соопшти дека овие ученици се отстранети. 

„Поради насилството што се случи во Техничкото училиште во Трстеник, при што беше извршено физичко, психичко и дигитално насилство врз наша колешка, двајца ученици беа избркани од училиштето“, вели во писмото директорот Милан Глиџиќ, пишува „Новости“.

Дежурните лекари први ја алармирале полицијата откако професорката отишла кај нив.

„Мислам дека оваа одлука дефинитивно ќе послужи како пример. Верувам дека барем училиштето ќе биде нешто помирно и побезбедно место за учење на нашите ученици“, рече наставничката. 

Повеќе случаи на насилство имаше во Србија, поради што наставата е прекината и државата мора да најде решение за проблемот. 

И во Македонија ученик од Градско не сака да оди на училиште затоа што трпел врсничко насилство од соученици. Детето имало гребаници по телото, а насилните ученици му го скинале долниот веш. 

Слично

Поврзани вести