Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професорите напишаа отворено писмо до надлежните!

Професорите напишаа отворено писмо до надлежните!

Во пресрет на утрешната седница на Собранието на РМ и отворената седница на Студентскиот и Професорскиот пленум, професорите напишаа отворено писмо до надлежните на меѓународната академска заедница како поддршка на Студентскиот пленум!

Ви го пренесуваме целосно нивниот интегрален текст подолу!

„Ние, долупотпишаните, професори и учени од сите страни на светот, пишуваме да ги изразиме нашите најдлабоки грижи во врска со последните акции на Министерството за образование и наука за измена и дополнување на Законот за високо образование, и сакаме да ја изразиме нашата солидарност со протестантите од Студентскиот пленум и нивните подржувачи од универзитетскиот кадар и македонските граѓани.

Било кој политички аранжман кој бара да се нарекува демократски мора да дозволи автономија на неговите високо-образовни институции. Токму во оние институции каде критичката рефлексија врз карактерот на општеството - неговиот политички контекст, неговиот економски систем, неговите инсталации на моќ и неговата културна продукција – може да биде изведувана на ригорозен и непопречен начин, од оние кои партиципираат во тоа општество.

Кога институциите на високото образование стануваат објекти на државна контрола, критичката размисла е заложник на диктатот на оние на власт. Ниедно општество не може да просперира под тие услови. Креативност е задушена, критика е зауздена, независна мисла е намалена.

Предложените амандмани на Законот за високо образование, како дополнување на неодамнешните акции на Министерството за образование и наука, не само што ја поткопуваат автономијата на универзитетите – тие ја елиминираат. Министерството предложи тестирањето во втора и четврта година по секој предмет да биде надгледувано не од оние кои ги предаваат тие предмети туку од самото Министерство преку Националниот борд за акредитација и евалуација на високото образование. Оттука државата се обидува да си ја присвои за себе моќта за доделување или недоделување дипломи. Македонското високо образование, неговата содржина и оценувањето, ако овие амандмани се усвојат, станува објект на желбите на оние кои го контролираат македонскиот политички апарат во целост на највисоко ниво.

Зацртаната цел на овие измени е да се адресира прашањето на квалитетот во универзитетскиот систем. Сепак, како што Студентски Пленум истакна, квалитетот на високото образование мора да се решат од страна на нејзините партиципиенти, а не од надворешна сила која има интерес за газење врз независноста на своите универзитети. Уште повеќе, неодамнешните активности преземени како одговор на професорите кои се приклучија на протестите против измените раскажува приказна не на квалитет, туку на потиснување. Одговорот на професорското вклучување во протестите беше предлогот дека Министерството мора да го одобри и составот на комисиите на магистерските и докторските студии. Ова, единствено може да се прочита како обид да се заплаши универзитетскиот кадар, бидејќи истиот не им служи на никакви образовни цели.

Ние ги поздравуваме Студентски пленум и неговите професори како и поддршката на граѓаните, и стоиме со оние илјадници демонстранти, кои маршираа во Скопје да ја задржат автономијата на македонските универзитети. Исто така, бараме од Министерството за образование и наука да се откаже од својот обид да се елиминира автономијата на универзитетот и да се врати контролата на универзитетите на оние кои се едуцираат и се школуваат во нив“, стои во отвореното писмо.

Слично

Поврзани вести