Професорите на штрајк, грчките учениците без дипломи
Поради штрајкови на просветните работници, вработени во грчките државни средни училишта како знак на протест против новите мерки на строго штедење, ќе бидат загрозени годишните приемни испити за факултетите.
На повик на Синдикатот, штрајковите ќе почнат од идната седмица. Грчката Федерација на професори на државни средни училишта (ОЛМЕ) одлучи на 17 мај да одржи 24-часовен штрајк и потоа серија штрајкови наредната седмица за да го искаже своето незадоволство со владините планови за недоброволно префрлување на вработените на други работни места и продолжување на работното време.
И кратењето пари за образование е дел од планот за преструктуирање на јавниот сектор за Грција да ја добие меѓународната помош.
Слично
