Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професорите и со потпис кажаа „НЕ“ за државен испит

Професорите и со потпис кажаа „НЕ“ за државен испит
Поголема група професори со допис до Владата преку дневен печат јавно се обратија и побараа од неа да ја промени одлуката за воведување државен испит во високот образование. Во спротивно, како што истакнаа, доколку Владата не отстапи од почнатата постапка повторно да го измени Законот за високо образование, таа ќе се соочи со жесток отпор во сите негови академски и граѓански облици. Ваквата реакција доаѓа откако Владата покажа незаинтересираност за мислењето на повеќе од 23 факултети кои со допис укажаа дека ваквиот начин на испитување на знаењето на студентите не е прифатлив. Според професорите со последните измени, односно со државниот испит, Владата го укинала Универзитетот и ја „погребала“ неговата автономија. И покрај официјалните спротиставувања на академската заедница, во неделата, со директен пренос на телевизија, Владата го усвои спорниот предлог-закон и го испрати во Собранието на гласање. Тоа предизвика огромен револт кај Студентскиот пленум кој како реакција го најави третиот и најмасовен протест закажан за петок во 14 часот. javenpotpis
Слично

Поврзани вести