Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОФЕСИОНАЛНИ ПОЖАРНИКАРИ ВО ЕУ: Која земја има најмногу?

ПРОФЕСИОНАЛНИ ПОЖАРНИКАРИ ВО ЕУ: Која земја има најмногу?

Од државите во Европската Унија(ЕУ), Хрватска има најмногу пожарникари.

Во ЕУ лани имало 362.400 професионални пожарникари, што е 0,18 отсто од вкупниот број на вработени. Споредено со претходната година, бројот на пожарникари е зголемен за 3.200, открија новите податоци на Евростат, пишува Даница.хр.

Лани Хрватска имаше околу 7.900 професионални пожарникари. За споредба, во Словенија имало 1.200, во Финска 3.400, во Бугарија 6.500 и во Шведска околу 7.000.

Меѓу 21 земја на ЕУ за кои се достапни податоци, најголем удел на пожарникари во вкупните вработувања е забележан во Хрватска, 0,49 отсто. Зад неа следат Естонија и Грција (и двете по 0,39 проценти). Најмал удел има во Холандија (0,05 отсто), Финска, Словенија и Шведска (по 0,13 отсто).

Foto: DVD LUDBREG / ILUSTRACIJA

Слично

Поврзани вести