Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професионален војник на АРМ почина на стража

Професионален војник на АРМ почина на стража
Професионален војник на АРМ починал на стражарското место на издвоениот објект „Еребино“, соопшти Генераштабот на АРМ. Станува збор за 37-годишен војник, кој починал ненадејно во момент кога требало да ја предаде стражата и да ги напушти стражарското место. „При качување во моторно возило видно му се слошило, од каде бил веднаш пренесен во клиничкиот центар во Тетово, каде лекарите констатирале смрт. По наредба на Јавен обвинител, повикан е доктор по судска медицина, од кого е утврдено дека кај професионалниот војник нема надворешни повреди и траги на насилство кои би влијаеле на причината за смртта“, велат од ГШ на АРМ. Војникот бил примен на служба како здрав и способен за служба и ги поминал сите потребни лекарски проверки. Кај починатиот од страна на лекар била утврдена добра здравствена и психофизичка состојба и пред упатување на стражарска служба. Причините поради кои настанала смртта кај професионалниот војник ќе се утврдуваат со обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
Слично

Поврзани вести