Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професија која носи многу пари, а не е програмер

Професија која носи многу пари, а не е програмер

Просечните плати се високи во Силициумската долина во однос на другите делови на САД, но програмер не е најплатена професија.

Он лајн платформата за вработување Hired ги соопшти резултатите од анкетата која траеше во првата половина од годината, а со која беа опфатени над 31.000 вработени од 1.800 компании.

Се покажа дека менаџерите во производство се најплатени и земаат 133.000 долари годишно.

Софтверските инженери земаат 123.000 долари, а дијазнерите заработуваат 115.000 долари годишно.

Менаџерите во производство сега земаат повисоки плати од претходно.

Нивната работа е сложена и мора да го следат производот од фаза на концепција до реализација, почитување на рокови, управување со тим, водење сметка за работниот модел и друго.

За да ја извршуваат оваа работа, луѓето мора да поседуваат повеќе вештини и да имаат добри компјутерски познавања.

Слично

Поврзани вести