Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професии кои носат одлична заработувачка во Германија

Професии кои носат одлична заработувачка во Германија
За да заработувате добро во Германија, треба да имате завршено за доктор, правник или инженер, покажуваат резултатите за моменталната состојба на платите за професионалците и менаџерите. Истражувањето покажало дека докторите во просек заработуваат 77.950 евра бруто годишно. Правниците заработуваат „само“ 65.040 евра. IT професионалците и инженерите просечно заработуваат нешто повеќе од 59.000 годишно. По сектори, најдобро платени се работниците во банкарството (62.541 евра), фармацијата (59.990 евра) и индустријата за возила (59.727 евра). Високообразованите во оваа земја заработуваат 35% повеќе отколку оние без факултет. Вработените во помалите компании пак , заработуваат речиси 10 проценти помалку од оние кои работат во поголеми компании. Министерството за економија неодамна информира дека во Германија до 2020 година ќе недостасуваат 1.3 милиони работници.
Слично

Поврзани вести