Проф. СВЕТОМИР ШКАРИЌ ЗА ФАКТОР: Мора веднаш да се поништи срамната аболиција
Универзитетскиот професор по уставно право Светомир Шкариќ за Фактор оценува дека е добро што Уставниот суд донел одлука „мерка за запирање на сите изборни дејства.
Но, во истовреме проф.Шкариќ оценува дека денешната одлука покажала дека судиите работат по инструкции, а не по сопствено убедување. Она што сега е важно е да се покрене и постапка за повлекување и на одлуката на Претседателот на Македонија за аболиција.
Ако се пристапи кон поништување на срaмната одлука на шефот на државата тогаш земјата ќе може полека да се врати во нормален колосек, ако не биде укината аболицијата тоа ќе ја втурне земјата во уште подлабока криза со несогледливи последици.
Според професорот по уставно право Светомир Шкариќ постојат две можност за повлекување на аболицијата. „Може да се покрене постапка за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување од 1993 година кој од страна Уставниот суд е укинат. Собрание да констатира дека укинатиот член 11 од Законот за помилување нема правна сила и како таков не може да биде основа за аболиција .
Таквото автентично толкување има повратно дејство бидејки станува составен дел од Законот за помилување од 1993 година Втората опцијата е Одлуката за аболиција да оди на Уставен суд за оценка на Законот за помилување Уставниот суд треба да се произнесе дали укинатиот член 11 од Законот за помилување има или нема правна сила. Очекувам Уставниот суд да соопшти дека нема правна сила. Укинатите одредби од Законот за помилување не можат повторно да оживеат.
Само Парламентот може да го оживее Законот за помилување. Со една таква оценка Уставниот суд може да ги поништи сите одлуки на македонскиот претседател Иванов. Уставниот суд мора да констатира дека член 11 од Законот за помилување е укинат и дека тој нема правна сила, Ако Уставниот суд не донесе ваквата одлука тогаш оваа институција 100 проценти би се деградирала.
Горазд Чомовски
Слично
