Проф. Ристова: Студентските избори показна вежба за наредните „големи“ народни избори!
Потребни се итни статутарни измени на членот со кој се регулира учеството на студентите во управата со Универзитетот. Со измените треба да се контролира работата на СПУКМ и да се превенира идна манипулација со студентите и нивните избори -вели за Фактор професорката Мимоза Ристова од Природно-математичкиот факултет. Крајно време е потенцира, Студентскиот Парламент да се конституира како посебно деполитизирано тело при УКИМ, под независна контрола, а не како досегашната невладина организација под капата на власта.
“Лично сметам дека треба само најдобрите студенти да можат да добиваат раководни функции, довербата да им се даде само оние со висок просек и рекордна брзина во студиите. Се прашувам, зошто студентите би им давале мандат на неспособните вечни студенти, кои, инаку, едвам ги исполнуваат сопствените наставни обврски, да одлучуваат во нивно име? Бидејќи таквите студенти се неодговорни кон своите родители, оние што го финансираат нивното школување, тогаш како очекуваме да бидат одговорни во општествената функција”- објаснува проф. Ристова.
Ако моделот на позитивна селекција проработи во студетската управа на УКИМ, тогаш вели веројатно дека наскоро ќе проработи и во државната власт.
“На тој начин, еден убав сончев ден политичката сцена ќе се подисчисти од интелектуално индиспонирани и искомплексирани некадарници и насилници кои решиле да завладеат со одговорните, способните, умните и исполнителните”- додава универзитетската професорка.
Изборите за ново студентско раководство според неа Ректорот Стојковски треба најитно да ги прогласи за нерегуларни бидејќи тој е одговорен за законитоста и статутарноста на работата на УКИМ и е најповикан и најодговорен за новонастанатата состојба.
“Ректорот Стојковски е одговорен за тоа што воопшто дојде до вакви фалшиви и криминални избори и што во текот на цели две години одлуките на УКИМ на сите нивоа, факултети, посебни единици или Сенат се носеле со нелегитимни претставници на студентите. Пленумците му укажуваа во повеќе наврати во текот на минатата година ипол, но тој беше глувонем по ова прашање”- потенцира проф. Ристова.
РЕКТОРСКАТА УПРАВА ДА СЕ ПРОИЗНЕСЕ
Целата изборна постапка додава беше исполнета со нерегуларности, манипулации и криминални активности, изборите се нетранспарентно спроведени и распишани во многу кус период во време кога голем дел од студентите ги напуштија кампусите. Оттука Ректорската управа на УКИМ треба да се произнесе за транспарентноста и демократичноста на овие избори и да преземе одговорност за ограничувањето на младинското учество, необезбедувањето на еднакви можности за сите студенти и безбедноста за своите студенти.
“Нерегуларностите се нижеа во поглед на организацијата на изборите, и тоа, почнувајќи од нелегитимноста на организаторот на изборите, т.е. претставниците на Студентскиот парламент кои се фактички со "дебело" истечен мандат, па натаму со објавата на датумот на изборите (законскиот минимум од 30 денови од закажувањето па до одржувањето на изборите не е запазен). Исто така, датумот на изборите е надвор од школската година која официјално заврши на 27.06.2016 година (ова го кажува и софтверот на УКИМ за евиденција и оценување на студентите), па присуството на студентите на кампусот не беше обезбедено, а нивното гласачко право узурпирано. Конечно, самите избори, како што можевме да видиме од снимките што потекоа на социјалните мрежи, беа направени спротивно на одредбите за загарантирана тајност бидејќи немаше паравани. Плус тоа, гласачкото ливче беше нелегитимно (памфлетче без печат и потпис). Згора на се, организаторот немаше подготвено ни избирачки список. Излезноста беше сосем дискутабилна. Транспарентноста на постапката сосем оневозможена. Гласачките кутии можеле да се полнат колку што душа ќе им посакала на младите изборни фалсификатори, кои најверојатно се вежбаа за правење фалсификат на наредните "големите" народни избори”- смета професорката од Природно –математичкиот факултет.
КЛЕПТОМАНИ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ
Проблемите во високото образование кои се резултат на лошите владини политики го потикнаа револтот кај студентите, професорите, граѓаните. Години наназад студентите преку протести и пораки до надлежните бараа активно учество на сите засегнати страни во креирање на образовните политики. Но наместо тоа се случи хиперпродукција на високообразовни кадри, неуспешно спроведен концепт на дисперзирани студии и отворање на нови универзитети без анализа за потреба од истите.
“На клептоманите никогаш ништо не им е доста. Земаат и крадат се што ќе им се појави пред нос, без оглед на потребите. Оној што посегнал да го уништи образованието во една земја, тој може слободно да се смета како државен непријател бр. 1. Инаку,сметам дека на овие искомплесирани некадарници УКИМ им е мрачниот предмет на желбата. Тие сакаат преку учителската школа "Даме Груев" што ја отвораат за заслужните вмровци да се стекнат со професорски звања, а потоа да добијат прекоманда на факултетите на УКИМ откако таму ќе се испразнат места по основ пензија или затворска казна за корупција и злоупотреба одредени професори. Овие луѓе сонуваат за УКИМ како нивно идно работно место. Тотално нема да има чекор напред со ова. Студентите ќе добијат пристап до знаењата што ги пренесуваат исклучително лоши интелектуалци, националисти и идеолошки отпад од граѓанскиот концепт и клиентизирани послушници”- нагласува професорката.
Во услови на силни притисоци, јавно изразено незадоволство и сериозен обид за дисквалификација на УКИМ преку формирање на нови универзитети, новиот Ректор на УКИМ сега добива и нов предизвик, да го задржи приматот на најдобар државен универзитет кој треба да се соочи со реалните проблеми на кои алармираат студентите и професорите.
“Тврдам дека скоро целото гласачко тело од конституираниот Сенат на УКИМ (оној кој избираше нов Ректор) е нелегитимно, токму поради нелегитимноста на студентските претставници кои учествувале во изборите на сенатори, декани и ректор. Но, сите ме убедуваат дека сум многу закоравено ригидна пуританка којашто може да го доведе управителството со УКИМ во правен ќорсокак. Затоа, ќе оставам потактичните и поголемите стратези од мене да решат до каде треба да се ресетираат незаконитите одлуки, и дали треба повтоно да се бираат сенатори, декани и Ректор или треба да сме среќни со овие со дискутабилен легитимитет. Според сето ова, имаме дека првиот човек на УКИМ е со климав легитимитет кој секојдневно може да му се оспорува, и јас не би сакала да бидам во неговата кожа”- објаснува проф. Ристова.
АВТОНОМИЈАТА ОДАМНА СЕ ПОДРИВА
Надлежните во Министерството, Ректорската управа па дури и владејачките структури вели мора да го слушнат гласот на студентите бидејќи универзитетската автономија е главниот постулат на кој треба да се темели функционирањето на секој универзитет во секоја сериозна демократија, а студентите се активни чинители во целиот процес. Студентите од пленумот според професорката се високо самосвесни и добро едуцирани во поглед на нивните права, согласно постулатите на автономијата, дефинирана според Болоњската декларација.
“Многу е важен гласот на студентите. Тие се во овој случај "муштеријата" на образовната услуга што ја продаваме, а познато е дека муштеријата секогаш има право. На денот на несреќната седница за избор на Ректор, кога студентите од Пленумот се обидоа да ја изблокираат работата на Сенатот, Ректорот Стојковски постојано им се обраќаше на главните протагонисти со навредлив тон, дека "немаат право, не ги разбираат работите". Автонимијата започна да се подрива со законските измени уште во 2011. Но професорите тогаш немаа доволно свест и познавање за дефиницијата на автономијата. Тогаш се покажа автократскиот режим за прв пат. Тогаш видовме како изгледа носење Закон по брза постапка без јавна дебата. Тогаш се спротиставивме но недоволно силно. Возот си продолжи да гази се што се најде на шините, и насптапија далекусежни штетни измени кои кулминираа 2014. Јас не можам да видам од дома кој е виновен. Кој ги нарачал тие страшни погубни измени, дали истиот што си нарача Барок во Скопје во 21-ви век, истиот што посака парапетче на Охридското езеро, рушење на комплексот Космос, или некој негов близок. Нашата заспаност и нереволуционерност, неможност да го покренеме ректорот (истиов досегашен) да застане во наша одбрана, нашата наведната глава и мек 'рбетен столб им овозможија на душманите на високото образование да не прегазат како дождовни црви” - објаснува професорката Мимоза Ристова.
Отсуството на опозицијата во парламентот, му овозможи на владејачкото мнозинство по скратена постапка да го усвои законот за основање на новиот Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев”во услови кога целосно беше игнорирано предупредувањето на професорите дека со ваквите одлуки уште повеќе ќе се уништи високото образование и дека земјата нема финансии за одржување на седум државни универзитети. За власта пак новоформираниот универзитет ќе ги зголеми можностите за студирање за сите студенти.
“Тоа се тешки глупости. Јас кога се школував не постоеше плурализмот. Ниту, пак, во времето кога Груевски се обидувал да се образува немаше повеќе партии за да професорите прават разлика, дискриминираат и фаворизираат селективно. Тоа се празни муабети на лузери, некадарници и ќецароши”- смета професорката.
РЕСЕТ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
Според неа потребно е итно ресетирање на состојбата во образованието. За поправка на штетата вели се потребни длабински анализи, силна дерегулација за елиминација на учеството на Власта во уредувањето на Високото образование. Потреба е како што вели итна ревизија на сите сомнителни докторски дипломи, носење на нов Закон.
“Пред да завладее Грујовштината во овој сектор за поправка на штетата се потребни длабински анализи, силна дерегулација за елиминација на учеството на Власта во уредувањето на Високото образование. Потреба е и итна ревизија на сите сомнителни докторски дипломи од Грујовскиот период. Потребно е подоцна да се донесе нов Закон со кој ќе се оформат само два државни универзитети, еден на македонски и еден на албански јазик, со разумна дисперзија и со исти критериуми и услови за работа. Потребно е да се донесе Закон со кој ќе не отпуштат сите професори, и нов закон со кој ќе примаат професори со построги критериуми. Така ќе се даде шанса и на нашите одлеани мозоци по светот, кои побегнаа од матицата земја во овие тешки години на автократско владеење, да се вратат од Западните земји во Македонија и да го подигнат високообразовниот процес за степен нагоре. Вакво искуство имаше Источна Германија при анексијата со Западна Германија. Ние можеме истото да го примениме како една успешна приказна. На оние што ќе отпаднат од трката, ќе треба да им се даде вработување во средното и основното образование со доедукација, кадешто ќе направат ново подигање на стандардот. Мислам дека после вакво "десетлетно цунами" потребно е да се ресетира и да се исправат неправдите и криминалот, па потоа да се оди во мирен образовен развој со засилен граѓански концепт”- завршува професорката Мимоза Ристова.
С.Б.

Слично