Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОФ. НИКОЛА ПАЛАШЕВ: Мигрантската криза е почеток на распадот на ЕУ

ПРОФ. НИКОЛА ПАЛАШЕВ: Мигрантската криза е почеток на распадот на ЕУ

Во геостратешкиот интерес меѓу Русија и САД во Арапскиот свет цената ја плаќа Европа, ова за Фактор го вели Никола Палашев. Универзитетски професор од Бугарија со потекло од Велес чија преокупација се безбедносните и стратегиски прашања проценува дека миграцијата ќе се покаже како еден од главните фактори за промена на сегашниот модел на ЕУ. 

„Се разбира од сето ова ќе настрадаат и земји како Бугарија и Македонија, бидејќи не верувам дека европските политичари и особено оние од ЕУ се способни да се справат со проблемот. Не исклучувам бегалската криза да се искористи како можност за извршување на нови терористички напади - како во Париз, ќе има немири како во Германија, ќе има распад на системите за национална безбедност , посочува Палашев . Целото интервју со универзитетскиот професор и лингвист Никола Плашаев во кое тој говори и за македонски бугарските односи , Договорот за добрососедство, регионалната соработка ќе го објавиме деновиве .

Разговараше Горазд Чомовски

Фактор: Во извештајот на Организација за економска соработка и развој, моменталната бегалска криза се опишува како „невидена“. Треба ли да очекуваме бегалското ниво во Европа да се намали повторно по неговиот моментален врв или регионот ќе се претвори во голем бегалски камп ?

Палашев: Прво, сакам категорично да кажам дека не станува збор за бегалци туку за мигранти, при тоа организирани, контролирани и успеа. Миграциската криза е директно поврзана со прераспределбата на руските и американските позиции во арапскиот свет и во оваа смисла, конфликтот во Сирија е генератор на ова миграција која се прелеаа низ цела Европа. Според мене, миграциониот бран, кој не само што не е стивнува , туку напротив, јас очекувам да се зголеми и ќе предизвика политички и социјални потреси најмногу во Германија и Франција за што веќе има докази. Проблемот со мигрантите е показател за погрешните политики на Брисел . Миграцијата ќе се покаже еден од главните фактори за промена на сегашниот модел на ЕУ. Се разбира од сето ова ќе настрадаат и земји како Бугарија и Македонија, бидејќи не верувам дека европските политичари и особено оние од ЕУ се способни да се справат со проблемот. Не исклучувам бегалската криза да с еискористи како можноста за извршување на нови терористички напади - како во Париз, ќе има немири како во Германија, ќе има распад на системите за национална безбедност.

Фактор: Една од карактеристиките на оваа криза, која ја прави тешка, не е само фактот дека тоа е историски настан, туку дека ние не го гледаме крајот на овој процес. Дали ако продолжи овој бегалски егзодус Бугарија ќе ја затвори границата кон Македонија . Германската канцеларка Ангела Меркел неодамна изјави дека затворањето на границите би можело да доведе до војна на Балканот. Дали регионот е навистина толку чувствителен?

Палашев: За многу работи сум песимист, но на слични прашања како "војна на Балканот", гледам како реалист. Според мене таква војна не е можна, што сепак не ја исклучувам локални вооружени конфликти, најмногу во земјите од поранешна Југославија, каде што меѓуетничките прашања се уште не се решени. Но тоа не е војна, тоа ќе се обиди да се добијат поволни за една или друга етничка заедница. И, се разбира, тоа е голем ризик за стабилноста и безбедноста на овие држави. Што се однесува до Ангела Меркел, таа веќе докажа дека не е на висината на вистински голем политичар, за каков се презентира. Во принцип луѓето од западниот свет не разбираат луѓето од Балканот и затоа нивните политики спрема балканските народи и земји во повеќето случаи се апсолутно погрешни. Во таа смисла е многу погрешна тезата дека не треба да се затвораат границите. Напротив, во даден момент тие треба да се затворат, бидејќи само така може физички да се пробие миграција прилив. Во овој поглед, сепак токму земји како Бугарија, Македонија и Грција треба да работат заеднички .

Фактор:   Мигрантската криза коинцидира и со замрзнувањето на големи и стратешки регионални прокети . Чувствувате ли некаква промена откако Бугарија стана членка на ЕУ и која е цената што таа ја плаќа во ова прекршување на стратегиските интереси на САД , ЕУ и Русија ?

Палашев: Очекувањата од Чченството во ЕУ беа прекумерни , и затоа разочарувањата се големи. Сега се покажува дека ЕУ не е создадена во корист на малите дражви , како Бугарија . И тоа се докажува не со економски параметри туку и во областите на здравствена заштита, совцијална политика, образованието , културата. Во повеќето случаи прифатените норми и директиви од страна на ЕУ не само што не се соодвентни за Бугарија, туку често се и спротивни на нејзините интереси. Ќе се послужам со проектот „Јужен тек“ . Овој проект не само што беше од приоритетен интерес за Бугарија туку и за цела јужна и југоисточна Европа . Но овој нафтовот не беше во интерес на САД како и на Германија, Велика Британија и Франција. Под маската на некакви евроатлански приоритети „заштита“ од „агресивниот монопол“ на Русија, Европската комисија направи се што е возможно да ја спречи изградбата на Јужен тек . Второ , се проценуваше дека членството на Бугарија во ЕУ ќе доведе до развој на економијата и бизнисот. Денес реално имаме дотираната и диригирана економија преку таканаречените европски проекти , но истовремено и загубени пазари . Следејќи го Брисел и неговите политики ги поддржавме санкциите кон Русија . Во истовреме очекувањата дека ќе се намали корупцијата , организираниот криминал како и етичко-општествените негативни појави останаа празни надежи . Да не се разбереме погрешни. Јас не ја обвинувам само ЕУ , туку и нашата, бугарската политика кон сите процеси што ги диктира Брисел . Во основа ја плаќаме цената на неолибералниот политички модел .

Слично

Поврзани вести