Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проектот „Паметен град“ ќе чини 5,5 милиони евра

Проектот „Паметен град“ ќе чини 5,5 милиони евра

Проектот „Паметен град“ ќе го чини Скопје 5,5 милиони евра според објавениот тендер за набавка и имплементација на систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град или смарт сити.. Ова денеска го потврди и Градоначалникот Петре Шилегов, кој го најави овој проект од доаѓањето на градоначалничката функција.

Паметен град или „смарт сити“ е концепт на функционирање на еден град или урбано подрачје, што се карактеризира со користење напредни дигитални технологии за оптимизирање на градските ресурси, намалување на трошоците, подобрување на квалитетот на живот и обезбедување подобри услуги на граѓаните. 

Во тендерот се бара платформата за дигитален град да опфати систем за паметно осветлување, систем за паметно паркирање, систем за мониторинг на квалитетот на воздухот, систем за јавно мислење и задоволство на граѓаните, систем за паметно мерење на потрошувачка на вода и изработка на градски портал.

Концептот на паметен град се осврнува на повеќе аспекти. Планска и хумана урбанизација на општините, квалитетен јавен транспорт, инклузивен процес при креирање на политиките што ги засегаат граѓаните, правилен и одржлив развој на руралните делови и нивно поврзување со урбаното јадро. Честопати се истакнува дека смарт сити е начин на живеење, начин на размислување на граѓаните и подигнување на квалитетот на живот. Оттаму, се наметнува прашањето колку Скопје е подготвено, односно има предуслови да прерасне во паметен град.



Слично

Поврзани вести