Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проектот „Македонија вработува 2“ ќе отвори над 15.000 нови работни места

Проектот „Македонија вработува 2“ ќе отвори над 15.000 нови работни места

Со проектот „Македонија вработува 2“,  Владата планира да отвори од 15.000  до 20.000 нови работни места.

Проектот ќе се реализира под мотото „Борбата за работни места продолжува“.

Тој треба да почне кон крајот на месецов или почетокот на наредниот месец.  Во Собранието прво ќе треба да поминат законските измени во законите за вработување и осигурување во случај на невработеност, за пензиско и инвалидско и за здравствено осигурување. Со овие законски измени се предвидува ослободување од плаќање придонеси и давачки за работодавачите кои ќе вработат лица поделени во пет категории.

Првата категорија се невработени млади до 35 години за кои работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси и персонален данок три години. Пред вработувањето не треба да имаат заснован работен однос најмалку три месеци, a работодавачот е должен да ги задржи на работа  уште 12 месеци по истекот на периодот за кој што е ослободен од плаќање придонеси.

Втората категорија е за долгорочно невработени од 35 до 50 години за кои има ослободување од придонеси пет години. Услов е лицето во последните 15 години да било најмногу пет години во работен однос и најмалку три месеци пред вработувањето да немало заснован работен однос согласно со мерката. Работодавачот е должен да го задржи лицето  уште најмалку 12 месеци по истекот на периодот за којшто е ослободен од плаќање придонеси или вкупно најмалку 6 години.

Со третата категорија се опфатени невработени над 50 години за кои ослободувањето од придонеси е 60 месеци. И за нив има услов најмалку три месеци пред вработувањето да немаат заснован работен однос.

Со четвртата категорија се опфатени невработени над 58 години, во последните две години без вработување. За нив работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси до остварување на правото на старосна пензија.

Петтата категорија се однесува на невработени лица со социјален ризик (лица со инвалидност, родители на деца со пречки во развојот, самохрани родители,родител во  еднородителски семејства, родители на три и повеќе деца, како и поранешни професионални војници). Ослободувањето од плаќање на придонеси ќе биде пет години, а не треба да бидат во работен однос три месеци 60 месеци пред вработувањето.

Досега со проектот „Македонија вработува„ за една година се вработени 19.000 луѓе, информираа надлежните.

Слично

Поврзани вести