Проект Тап: Нов гасовод ќе се гради во Албанија
Вчера во Тирана беше потпишан договорот за проектот за гасовод Транс- Адриатик Пајплајн меќу албанскиот министер за економија, трговија и енергетика, Едмонд Хаџинасто и генералниот директор на компанијата Транс Адриатиц ТАП АГ, Кејтил Тунгланд.
Со проектот ТАП, посочи министерот Хаџинасто, значително ќе се подобрти економски развој на Албанија и ќе се зголеми енергетската сигурност во земјата.
„Овој договор ги опфаќа сите односи на соработка меѓу Компанијата и Албанија за изградба на гасоводот кој е од огромно значење за Албанија и регионот. Ова е еден многу солиден договор кога станува збор за добивките од овој гасовод и истиот ќе даде импулс за позитивни одлучувања за изборот на овој проект како најдобар. Сите нешта се сосема јасни и овој проект ќе биде победник. Тој ќе ја зголеми енергетската сигурност, ќе има огромно влијание врз економскиот развој на Албанија и на регионот. Овој проект ќе услови зголемување на вработеноста на Албанците, создавање пазар на гас и намалување на цената на енергијата,“ изјави Хаџинасто по потпишувањето на договорот.
Инаку албанската Влада веќе направи договор за соработка и со германската енергетска компанија Е-ОН Рухргас, за снабдување на Албанија со природен гас.
