Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОЕКТ: Бесплатни компјутери за социјално ранливи категории граѓани

ПРОЕКТ: Бесплатни компјутери за социјално ранливи категории граѓани
Министерството за информатичко општество и администрација го стартува проектот „Компјутери за социјално ранливите групи“, со кој сите владини институции, компании и граѓани кои имаат застарени компјутери или компјутерска опрема која не ја користат ќе можат да ја отстапат бесплатно на овие граѓани. ИТ-компаниите, преку ИКТ-коморите ќе обезбедат бесплатно репарирање и подготовка на опремата за натамошно користење. Станува збор за концепт кој треба да го намали дигиталниот јаз меѓу оние кои имаат и оние кои немаат компјутер. Истовремено, според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, проектот ќе придонесе за развој на информатичкото општество, но и ќе ја зголеми општествената одговорност. „ИКТ опремата е од таква природа да всушност постојат многу компоненти кои се амортизираат многу малку и со соодветни прилагодувања, репарација и замена, оваа опрема станува функционална за една голема група на корисници“, вели претседателот на ИКТ комората при Сојузот на Стопански Комори на Република Македонија, Саша Огненовски. Сите заинтересирани страни за вклучување во овој проект можат да се пријават од 1 јули на donacii@mioa.gov.mk како и во локалните канцеларии на Министерството за труд и социјална политика.    
Слично

Поврзани вести