Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжува вртоглавиот пад на извозот на Албанија

Продолжува вртоглавиот пад на извозот на Албанија

Извозот продолжи да се намалува и во јануари во Албанија. Податоците на ИНСТАТ покажуваат дека стоки од 29 милијарди леки биле испратени во странство, што е намалување за речиси 30 отсто.

Албанските стоки не успеваат да го најдат успехот што го имаа во 2022 година, главно поради цените на суровините на меѓународните пазари, девалвацијата на еврото и слабеењето на побарувачката од еврозоната.

Најсилем пад има кај групата минерали, горива и електрична енергија, а потоа следат групата текстил и обувки како и градежни материјали и метали.Во меѓувреме, групата на храна останува стабилна со незначителен раст

Сликата е сосема поинаква кога е во прашање увозот. Стоката пристигната во земјата е во вредност од 60 милијарди денари и е зголемена за 3,4 проценти во однос на претходната година. Главен фактор за ова е динамиката на градежниот сектор, која не се очекува да запре ниту во текот на оваа година. Според ИНСТАТ, силен раст забележа увозот на градежна опрема, машини и материјали.

Во текот на јануари, кај Албанија имаше промени кај традиционалните трговски партнери, испраќајќи помалку производи во Италија, Косово и Германија, додека повеќе во Хрватска и Австрија. Во меѓувреме, повеќе стоки се добиени од Кина, Грција и помалку од Турција, Шпанија и Македонија.


Слично

Поврзани вести