Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжуваат протестите во Бугарија, почина човек од самозапалување

Продолжуваат протестите во Бугарија, почина човек од самозапалување
Протестите во Бугарија против лошата економска ситуација продолжуваат и земаат поголем замав. Денеска почина трет бугарски граѓанин како последица на самозапалување во текот на протестите против растечката сиромаштија и корупцијата во земјата. Венцислав Василев, 53-годишен невработен татко на пет деца, се поли со бензин и се запали пред 15 дена, пред канцеларијата на градоначалникот на бугарскиот град Раднево. Тој во болница е примен со тешки повреди поради вдишување чад и изгореници на повеќе од 75 отсто од телото. Минатиот месец 36-годишниот Пламен Горанов се самозапали пред градското Собрание во Варна, што доведе до оставка на премиерот на бугарската десничарска Влада Бојко Борисов. Уште еден млад бугарски граѓанин почина како последица на самозапалување во Велико Трново на 19 февруари, но бидејќи не изразил никакви политички и социјални барања, полицијата заклучи дека неговиот чин бил резултат на заболување од шизофренија. Во Софија демонстрантите привремено ја блокираа главната железничка станица, бидејќи властите сакаат да ја продадат бугарската државна железница. Во Благоевград полицијата ги спречи демонстрантите целосно да го блокираат патот Е-75 кој води кон Грција.
Слично

Поврзани вести