Продолжуваат протестите против екстерното
„Нема правда нема мир” и „Стоп за лошите реформи” беа дел од паролите со кои денеска кумановските средношколци порачаа дека нивната битка против екстерното оценување нема да престане.
Револтиран поради игнорантскиот однос од министерот за образование Абдулаким Адеми, кој неколку пати изјави дека нема да отстапи од новите реформи, средношколците најавуваат нови протести и бојкот на наставата.
Техничките проблеми на системот за екстерно тестирање кои се повторуваат секоја учебна година се навреда за интелигенцијата на учениците, сметаат средношколците од кумановскиот пленум,
Иако не се оптимисти дека до мај ќе бидат ослободени од екстерното, тие со подршка од голем број професори и од родителите ќе продолжат да протестираат за негово укинување, како и за враќање на стариот модел за полагање матура.
