Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжуваат препукувањата во Центар, на тапет – новите општински вработувања

Продолжуваат препукувањата во Центар, на тапет – новите општински вработувања
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува градоначалникот на општината Центар Андреј Жерновски дека парите за училиште ги пренаменил за партиски вработувања. Жерновски враќа, ВМРО ДПМНЕ ја преполни општината со партиси возници изминативе 13 години додека нивни градоначалници беа на власт. Томислав Лазаров кој е координатор на советничката група  на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар го обвини Жерновски дека работи за своите интересите на сопартијците, наместо за граѓаните. Тој истакна дека градоначалникот не направил  ниту еден значаен проект за граѓаните, но затоа вработил во општина 23 сопартијци без распишан конкурс, туку со лична одлука.
„Не може да се избегне фактот дека во Општина Центар има вработено административци кои имаат искуство во својата работа од над 10, 15 или 20 години и кои се искусни во својата работа, а со своите потези Жерновски ги потценува и лично нив“, рече Лазаров кој додаде дека се вработува во оптината во време кога Жерновски се жали дека нема средства да ги реализира основните проекти. Нововработените, појасни координаторот од ВМРО ДПМНЕ се членови на ЛДП и СДСМ. Според Лазаров, на овој начин пшарите наместо да се користат за ново училиште во Капишштец, ветено пред избори, сега ќе отидат за вработувања.
Жерновски: Ова е знак за безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ Во писмената реакција од Жерновски, се вели дека советникот Лазаров само го повторил она што било говорено од партијата за време на седницата за ребалансот на буџетот.
„Во минатиот мандат градоначалникот  Тодоровиќ  ја зголеми бројката за 70 вработени, односно од 65 на 135. И тоа на блиски роднини и партиски луѓе. Во општината се примало се, замислете и двајца нуркачи. Има вработени, заслужни партиски кадри кои само фигурирале на платниот список, а не се појавувале на работа", стои во реакцијата. Жерновски вели дека нема да го зголеми бројот на вработени во општинската администрација двојно повеќе како претходникот. На обвинувањата за пренасочување средства за нови вработувања наместо за ветените училишта, Жерновски вели дека повторно се манипулира со граѓаните. „За градинката во Капиштец, е изработен проект и се чека уште на ревизија за да почнат градежните активности. За училиштето, пак, првин треба ќе се изработи идејно решение, кое ќе биде избрано на меѓународен конкурс од страна на комисија, и потоа ќе започнат работите за изградба. Не очекува сигурно никој за еден месец да биде изградено училиштето. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе го направиме она што го ветивме. Во нивната програма беше изградба на градинка и училиште, но за четири години не го реализираа", стои во реакцијата.    
Слично

Поврзани вести