Продолжуваат партиските преговори во Пржино
Претставниците на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, и денеска во Пржино ги продолжуваат преговорите за реформи во медиумите и прочистување на избирачкиот список.
Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ, Рената Дескоска од СДСМ и Имер Алиу од ДПА ќе седнат на маса со амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли во резиденцијата на Европската Унија во Пржино.
Вчера од владејачките партии кажаа дека имало благ напредок во преговорите. Од опозицијата рекоа дека нема напредок.
Новата рунда преговори започна во 12.30 часот.
Германскиот пратеник Јоханес Хајндл деновиве изјави дека до летните одмори мора да се најде решение за кризата.
Слично
