Продолжуваат апсењата во Истанбул, приведени синовите на неколку министри
Доцна синоќа беше покренато обвинение за корупција против синовите на двајца министри во Владата на Турција. Станува збор за синови на министрите за внатрешни работи и за економија, Муамер Ѓулер и Зафер Џаглајан, на кои судот им изрече мерка притвор.
И ова обвинение од истанбулското Јавно обвинителство е покренато во рамките на корупцискиот скандал кој ја тресе Турција неколку дена. Покрај синовите на министрите, за корупција, измами, илегална трговија на злато и присвојување туѓ имот се обвинети уште неколку лица. Меѓу нив се уапсени и директороот на турската државна „Халк банка“, Сулејман Аслан, а приведен па пуштен беше синот на турскиот министер за животна средина и урбанизам Ердоган Бајрактар.
Во големиот корупциски скандал имало 80-тината приведени лица. Претходно разрешен од должност беше и шефот на полицијата на Истанбул, Хусеин Чапкин. Чапкин беше шеф на истанбулската полиција од 2009 година.
Слично
