Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжува судскиот процес за случајот „Диво Насеље“

Продолжува судскиот процес за случајот „Диво Насеље“

Судскиот процес за случајот „Диво Насеље“ продолжува денеска во Свечената сала на Врховниот суд.

Им се суди на 37 обвинети за тероризам и логистичка поддршка на оваа терористичка група.

На 9 и на 10 мај лани во Диво Насеље во Куманово  вооружена група се судри со безбедносните сили. Во немирите загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.

Судскиот процес за „Диво Насеље“ почна од почеток, откако Кривичниот суд одлучи кон процесот за 29 лица обвинети за тероризам да ги приклучи и 8-мината осомничени за логистичка поддршка на оваа терористичка група. За судскиот процес се бараше и соодветна просторија.

На последното рочиште обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Слично

Поврзани вести