Продолжува судењето за обвинетите во случајот „Диво Насеље“ без присуство на медиуми
Денеска продолжува да им се суди на обвинетите во кумановските инциденти кои се одвиваа лани на 9-10 мај.
Пред судскиот совет денеска според најавите ќе сведочат петмина полициски службеници.
На претходните рочишта обвинетите се изјаснија дека се невини и одбраната побара случајот да биде преземен од Специјалното јавно обвинителство. Судијата одговори дека предметот ќе биде предаден на ова обвинителство доколку оттаму пристигне такво барање до судот.
Обвинителството тврди дека нападот во Дива населба бил добро организиран, а обвинетите настапиле со директна умисла.
Обвинетите како што е добро познато се товарат за кривичните дела тероризам и терористичка организација.
Медиумите исклучени од процесот денеска
Медиумите денеска не може да го следат судскиот процес за овој случај.
Имено, рочиштето ќе се одржува во салата на Кривичниот суд, која е претесна за вакоов обемен процес, во кој има многу обвинети и заинтересирана јавност а медиумите беа известени дека во судницата може да присуствуваат лимитиран број новинари, на што новинарите кои го следат овој судски процес не се согласија и останаа надвор од Судот.
