Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжува судењето за Диво насеље, ќе се сослушуваат заштитени сведоци

Продолжува судењето за Диво насеље, ќе се сослушуваат заштитени сведоци
Судскиот процес за Диво насеље продолжува денеска во Основниот суд Скопје 1, со сослушување на заштитетни сведоци. Денешното рочиште ќе биде затворено за јавноста, соопштија од судот.  Заштитените сведоци ќе дадат искази на предлог на Јавното обвинителство. За случајот Диво насеље се обвинети  29 лица за тероризам и терористичко организирање, за настаните од 9 и 10 мај во Куманово. Во престрелката загинаа 8 полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и 10 лица од вооружената група.
Слично

Поврзани вести