Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжува судењето за „Диво насеље„, дел од улиците во Скопје блокирани

Продолжува судењето за „Диво насеље„, дел од улиците во Скопје блокирани

Во основниот суд Скопје 1,  денеска треба да продолжи рочиштето за случајот „Диво насеље“.

Последното рочиште беше одложено, поради проблеми со озвучувањето. Обвинителството повика околу 40 заштитени сведоци, односно припадници на специјалните сили на МВР, кои учествувале во акцијата во „Диво Насеље“. Се очекува истите заштитени сведоци да бидат повикани и од одбраната. Досега сведочеа само неколкумина од нив, а претходно сведоци беа и неколку жители на „Диво Насеље“. Околу судот и денеска имаше зголемено полициско присуство.

Јавното Обвинителство во ноември лани  поднесе кривични пријави за кривичното дело „тероризам“, против 29 лица, кои се осомничени за учество во немирите во кумановско „Диво насеље“, каде загинаа 8 припадници на полициските сили и 10 припадници на вооружената група.

Слично

Поврзани вести