Продолжува штрајкот на судската администрација
И денеска вработените во судската администрација ќе продолжат со штрајкот, а поддршка очекуваат и од колегите ширум земјава.
И покрај постојаните барања за средба со министерот за правда, Ваљдет Џафери, вчера штрајкувачите ги примија неговите советници.
Претседателот на Судскиот синдикат, Пеце Грујоски истакна дека, се додека нивните барања не се земат предвид, тие ќе протестираат.
Судските административци најавуваат дека ако нивните барања не се исполнат ќе ги радикализираат протестите. Тие не ја исклучуваат можноста да штрајкуваат со глад.
Покрај зголемување на платите, вработените во судската администрација бараат и измени на Законот за администрација, како и враќање на работното време од 07:30 до 15:30. Од Министерството за правда не беа достапни да дадат информации за медиумите.
