Продолжува работата на Kомисијата за расчистување на собраниските инциденти
По вчерашното продолжување со работа на Kомисијата за расчистување на собраниските инциденти од 24 декемрви, денеска продолжува нова рунда на разговори. Петок е рокот до кога ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да најдат заеднички компромис и да постигна договор. Во работата на комисијата од вчера учестуваат и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Давитковски оптимист дека ќе се дојде до договор
Претседателот на Kомисијата во оставка, универзитетескиот професор Борче Давитковски и странскиот експерт Петер Ванхаусен денеска треба да имаат одделни средби со претставници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на опозицискиот СДСМ, во обид да се најде заедничко прифатливо решение.
„Преговорите продолжуваат и некои детали треба да се прецизираат на одделните средби, а ако има потреба и в четврток, и на заедничката средба в петок да се заврши работата“, изјави вчера по три и пол часовната средба Борче Давитковски.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски очекува епилог од седницата на Комисијата.
„Очекувам резултат од дијалогот и се надевам дека СДСМ ќе ја препознае важноста, пред се за државата, од успешното завршување на овој дијалог, ќе ги надмине теснопартиските интереси и ќе успееме во наредните четири дена да дојдеме до решение. Останува да видиме што ќе се случи“, изјави вчера премиерот Груевски.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев пред седницата рече дека неговата партија ги исполнила своите обврски од првомартовскиот договор.
„СДСМ ги исполни своите обврски од првомартовскиот договор. Очекувам овие денови Комисијата да продолжи да работи и да донесе заклучоци со кои ќе се констатираат уставни прекршувања и прекршувања на законите на Собранието“, истакна Заев.
Расчистување на инциденти за добар европски извештај или предвремени парламентарни избори
Од епилогот на комисијата која треба да ги расчисти собраниските инциденти зависат многу работи. Извори за „Фактор“ тврдат дека ова е последен обид за расчистување на собраниските инциденти, рокот е до петок (23 август 2013), ако до тогаш не се постигне договор, тогаш не се исклучени и предвремени парламентарни избори. Eвентуално не постигнување на договор истворемено ја загрозува и европската иднина на Македонија. Доброупатени извори за „Фактор“ не се оптимисти дека ќе дојде до конечен договор, затоа што власта во една ваква ситуација ќе признае дека го прекршила Уставот на Република Македонија. Иако, не е време за парламентарни избори, сепак одржување на предвремени парламентарни избори при евентуален недоговор до петок може да се случат веќе во март или април.
Р.Ф
Слично
